24фудбал

Легендата на Барселона: Базата на шпанската селекција е од Реал Мадрид

Поранешниот фудбалер на Каталонците синоќа ја предводеше Црвената фурија до убедлив триумф од 6-0 против светскиот вицепрвак Хрватска во Лигата на нации, претходно неговиот тим во најновото натпреварување тргна со победа кај Англија од 1-2.

Шпанија

Луис Енрике мина осум години во дресот на Барселона, но, селекторот на Шпанија нема ништо против во својот состав да има дури и шестмина стартери кои доаѓаат од најголемиот ривал на Каталонците, Реал Мадрид, од таму, вели тој, доаѓа базата на националниот тим, а тој немал ништо против тоа.

Секогаш барам баланс во тимот, воопшто не се грижам за тоа дали од Реал Мадрид ќе имаме шест фудбалери во почетниот состав, тие играат за репрезентацијата на Шпанија и тоа е тоа. Тие не играат за еден тим или друг, нашата база доаѓа од Реал Мадрид, сето тоа функционира одлично според мене“ истакна Енрике.

Немало ниту еден фудбалер од Барселона? Јас само го гледам дресот на националниот тим...“ додаде тој.