Од српскиот клуб неодамна најавија дека ќе сторат се' што е можно да му овозможат фер и коректни услови за фудбалерот на Ливерпул да се чувствува дека е дојден во Белград да игра фудбал, тој вели дека не се плаши за мечот кој е предвиден да се одигра во ноември.
Категорија: Лига на Шампиони 12.09.2018 19:10 Прочитано: 1421 пати
Џердан Шаќири за момент се најде во центарот на вниманието во Србија по ждрепката за групите од Лигата на шампионите во новата сезона, а истата посака Црвена Звезда за еден од своите противници во таа фаза да го добие Ливерпул каде настапува Џердан Шаќири.
Швајцарскиот репрезентативец откако го постигна голот за победа против Србија „леташе орли“ во својата прослава, а со тоа го привлече гневот на српските фанови, тој подоцна се извини за гестот а за швајцарските медиуми сега вели дека не се плаши да оди на гостувањето во Белград, каде вели, ќе отишол сосема нормално само да игра фудбал.
„Нема да дозволам ништо да ме уплаши, читав што се пишуваше изминатиов период низ медиумите, но, ќе одам во Белград сосема нормално само за да играм фудбал, од никого не се плашам“ издвои Шаќири.