24фудбал

Шаќири: Не се плашам да отидам во Белград, ќе одам таму да играм фудбал

Од српскиот клуб неодамна најавија дека ќе сторат се' што е можно да му овозможат фер и коректни услови за фудбалерот на Ливерпул да се чувствува дека е дојден во Белград да игра фудбал, тој вели дека не се плаши за мечот кој е предвиден да се одигра во ноември.

Лига на Шампиони

Џердан Шаќири за момент се најде во центарот на вниманието во Србија по ждрепката за групите од Лигата на шампионите во новата сезона, а истата посака Црвена Звезда за еден од своите противници во таа фаза да го добие Ливерпул каде настапува Џердан Шаќири.

Швајцарскиот репрезентативец откако го постигна голот за победа против Србија „леташе орли“ во својата прослава, а со тоа го привлече гневот на српските фанови, тој подоцна се извини за гестот а за швајцарските медиуми сега вели дека не се плаши да оди на гостувањето во Белград, каде вели, ќе отишол сосема нормално само да игра фудбал.

Нема да дозволам ништо да ме уплаши, читав што се пишуваше изминатиов период низ медиумите, но, ќе одам во Белград сосема нормално само за да играм фудбал, од никого не се плашам“ издвои Шаќири.