24фудбал

Минус три бода за Киево и парична казна од 200.000 евра

На Киево му се одземани три бода и треба да плати 200.000 евра поради финансиски малверзации на раководството кое прикажувало лажни суми на сметката на клубот.

Италија

Киево правел трговија со Чезена за нереални суми на одредени фудбалери, многу повисоки од вистинските за да покаже лажен профит од 25 милиони евра.

Обвинителството бараше казна од -15 бода за Киево. Фудбалската федерација на Италија одлучи дека клубот од Верона е виновен, но му одзема само три бода од контото, па тие можат да бидат задоволни.

Дополнително Киево ќе плати и парична глоба од 200.000 евра.

Претседателот на клубот, Лука Кампадели е казнет со тримесечна суспензија.