24фудбал

Барселона има опција за Саул Нигез, но возот им избега пред две години

Денешното издание на Мундо Депортиво на насловната страна го постави Саул Нигез и објави дека Барселона има опција прва да го купи талентираниот фудбалер на Атлетико Мадрид

Шпанија

Фдбалерот од средниот ред одново е во центарот на вниманието откако новиот селектор на Шпанија, Луис Енрике го стави во центарот на својот нов проект а Саул Нигез одговори со два гола, еден против Англија и еден против Хрватска.

Па ова беше доволно за Мундо Депортиво денеска да го постави Шпанецот на својата насловна страна и да објави дека Барселона има опција прва да го купи Саул Нигез. Доколку Атлетико прифати понуда за услугите на 23 годишниот играч, „Колчонероси“ се должни да ги известат „Каталонците“ кои доколку го изедначат предлогот ќе стигнат до неговиот потпис.

Но веста воопшто не е нова и оваа опција Барселона ја има уште од 2013 кога му дозволија на Давид Виља да се пресели во Атлетико Мадрид.

Исто така се чини дека возот за ангажман на Саул Нигез им избега пред две години, кога фудбалерот на почетокот од летото имаше пристојна откупна клаузула од 45 милиони евра. Но „Колчонероси“ брзо реагираа, му дадоа нов договор и ја зголемија откупната клаузула на 80 милиони евра.

Барса пропушти и втора шанса минатото лето кога реши да искешира 80 милиони евра, но задоцни неколку дена. Лидерите на клубот од Камп Ноу биле известени дека Саул Нигез само 72 часа претходно ја продолжил верноста до 2026 и добил нова откупна клаузула од 150 милиони евра.

Квалитетите на Саул Нигез не се спорни, пред него е блескава иднина, но тешко за верување е дека во моментов Барса или некој друг клуб е расположен да одвои 150 милиони евра за неговите услуги. Атлетико Мадрид сигурно нема да слушне за продажба под оваа сума.