24фудбал

Ејупи: Ми недостасува фудбалот и натпреварите, но, морам да имам дисциплина и трпение!

Популарниот „Музо“накратко им се придружи на своите соиграчи од редовите на хрватскиот прволигаш, рекреативно беше на тренинг, а во изјава за клупскиот сајт истакна дека му недостасува фудбалот и натпреварите, додаде дека мора да има трпение кај него, а воедно и дисциплина.

Македонија

Музафер Ејупи не ги мина летните подготовки на Осијек, а се уште не е познат ниту денот кога ќе се му се врати на фудбалот откако му беше откриен проблем со функционирањето на бубрегот.

29 годишниот македонски напаѓач тоа го дозна откако пролетта имаше лекарски прегледи по што тестирањата утврдија цела низа алергени на кои тој е алергичен.

Ејупи доби терапија по која мораше на рехабилитација, но, тогаш се појавија и споменатите проблеми со бубрегот по што популарниот „Музо“ мораше да добие нови терапии. Сето тоа го оддалечи од фудбалските терени и не беше во можност да тренира.

Ми недостасува фудбалот и натпреварите! Никогаш не сум бил во една ваква ситуација, тешко е да се навикнам на истата. Морам да имам трпение, дисциплина во терапиите кои ги имам и ќе сочекам на следните контролирече Ејупи за официјалниот клупски сајт на Осијек.

Македонецот имаше сезона за паметење во најсилниот хрватски фудбалски шампионат кога во сезоната 2016/17 постигна 14 погодоци, а потоа постигнуваше и многу важни голови за Осијек во Европа, но, болеста го оддалечи од терените, престана да погодува, а подоцна дури и да игра.