24фудбал

Вработен во Барса си „лапнал“ 6,6 милиони евра од трансферот на Нејмар во ПСЖ!

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека од рекордниот трансфер на Нејмар во ПСЖ добро заработил и еден вработен во Барселона, односно човекот од доверба во Јужна Америка, Андре Кури

Шпанија

„Светците“ минатото лето го здрмаа фудбалскиот свет откако го ангажираа Нејмар од Барселона за рекордни 222 милиони евра.

Година дена по оваа зделка, медиумие од Шпанија пренесуваат дека од трансферот добро заработил и еден вработен на Барселона. Се работи за Андре Кури, кој е човек од доверба на „Каталонците“ во Јужна Америка.

Тој е еден од главните виновници за преселбата на Нејмар од Сантош на Камп Ноу, па за работата која ја завршил си обезбедил клаузула и 3% од следниот трансфер на Бразилецот.

Се говори дека Барселона во прв момент не сакала да му исплати ништо со образложение дека Нејмар е тој кој форсира трансфер а тие не сакаат да го продадат играчот, но на крајот шампионот на Шпанија под закана од тужба му исплатил на Андре Кури 6,6 милиони евра.