24фудбал

Парична казна е клише, РБ Лајпциг смисли иновативен начин и „тркало на несреќата“ (ФОТО)

Новиот помошник тренер на РБ Лајпциг донесе голем иновитет во клубот, наместо парични казни за доцнење и кршење на правилата, играчите ќе вртат „тркало на несреќата“

Германија

„Биковите“ изминатово лето имаа големи промени во тренерскиот персонал, Ралф Хасенхитл си замина, па спортскиот директор Ралф Рангник седна на столчето а за помошник донесе име кое малкумина од фановите го имаат слушнато. Се работи за 44 годишниот Џеси Марш, кој три години беше на кормилото на сестринскиот тим Њујорк Ред Бул.

Американецот сега е во центарот на вниманието откако донесе голем иновитет во клубот. Сите тимови имаа воспоставено систем на казни за оние кои доцнат и ги прекршуваат правилата и обично се работи за парични глоби. Но Џеси Марш смета дека ова е клише па измисли „тркало на несреќата“.


Секој играч на РБ Лајпциг кој ќе задоцни на тренинг или состанок, ќе се врати од одмор со неколку килограми повеќе или пак ќе користи мобилен во забранети зони, сам ќе си ја одбере казната вртејќи го „тркалото на несреќата“. На тркалото има 11 полиња кои носат казни и едно поле на кое пишува „среќа“, и кое го вади играчот од проблеми.

Казните се следни:

Грижа за топките: Топките треба да се напумпаат, да се однесат на тренинг теренот и да се исчистат (30 минути за секој тренинг)

Асистент во академијата: Кога имаат слободен ден, играчите мораат да бидат тренер на еден од тимовите во академијата четири часа.

Водич на турите низ стадионот: Играчите еден саат ќе водат тура за посетителите низ стадионот, ќе им ги покажат соблекувалните итн.

Среќа: Нема казна

Домар: Да ја косат тревата на терените од тренинг коплексот и да ги поправаат дупките на теренот доколку ги има и тоа четири до шест часа во неделата.

Принцеза: Ова се смета за најлошата казна. Играчите ќе мора да нозат розева маичка или фустан од балерина на една тренинг сесија (90 минути).

Водоносец: Да ги подготвуваат напивките со електролит и да ги полнат шишињата со вода пред секој тренинг (20 минути секоја сесија во текот на цела недела)

Фаншоп: Да работат на каса во фаншопот на клубот три часа

Обврски во кујната: Да подготвуваат салти и да ги чистат масите во клупската кафетерија (30 миниту дневно).

Економ: Да се грижат за валканите дресови и опрема, и да помогна да се исчистат копачките (30 минити дневно).

Да се товари тимскиот автобус: Да се товарат пакетите со пијалок, опрема и торби во тимскиот автобус за меч на гостински терен (околу 1,5 часа)

Подароци за персоналот: Да се купуваат мали подароци (привезоци, пенкала, чоколатца) за сите 60 вработени на РБ Лајпциг.

За креативните казни на својот помошник, Ралф Рангник вели: „Паричните казни ретко се ефективни. Играчите повеќе ќе ги здобле доколку останат без слободното време“.