24фудбал

Балотели одговори на критиките: Ете затоа не сум во Серија А

Италијанецот се одзва по критиките на јавноста, имаше иронична реакција во која истакна дека 'убаво е да гледа како толку многу луѓе во Италија го мразат', вели, сепак, постоела реална причина зошто не се вратил во Серија А.

Франција

Италија ремизираше со 1-1 против Полска на домашен терен во воведното прво коло од Лигата на нации, а веднаш потоа загуби минимално кај Португалија, на првиот меч кој се одигра во Болоња, вниманието на јавноста го привлече Марио Балотели.

Не поради тоа што напаѓачот на Ница одигра нешто посебно добро во 62-те минути кои ги доби како шанса од селекторот Роберто Манчини, туку неговото бледо издание на теренот на кое се придодадоа и вишокот килограми на него.

Италијанскиот напаѓач се соочи со големи критики поради тоа, а вечерва не се најде воопшто во составот на Ница која на домашен терен игра против Рен, тој одговори на критиките на јавноста и посочи дека сепак постоела реална причина зошто не се вратил во Серија А.

Читајќи ги коментарите на луѓето и гледајќи колку многу луѓе во Италија ме мразат е навистина убаво, кога работите се движат добро се надевам дека и натаму ќе продолжат да ме мразат и да не ме поддржуваат“ рече Балотели.

П.С. Дефинитивно постоеше реална и пред севистинска причина зошто не сакав да се вратам во Серија А, мислам дека сега сее јасно“ додаде Италијанецот.

Поради прекумерната тежина, Балотели ќе биде подложен на ригорозни мерки од страна на францускиот прволигаш, тој ќе има специјален режим по кој се очекува да го надмине овој проблем и повторно да се врати на терените.