24фудбал

Тухел ги реши дилемите: Еве зошто Нејмар не играше против Сент Етјен

Бразилецот не беше во комбинација за синоќешниот меч во Лига 1, а шефот на стручниот штаб на францускиот првак ја објасни ситуацијата, сево ова доаѓа во пресрет на дуелот со Ливерпул во елитното европско клупско натпреварување.

Франција

ПСЖ немаше проблеми во синоќешната пресметка против Сент Етјен пред своја публика во рамките на петтото редовно коло од најсилниот француски фудбалски шампионат, каде стигна до убедлива победа од 4-0, и се зацврсти на првото место на табелата со максимални 15 бода досега.

Првата ѕвезда на тимот од Париз, Нејмар не беше во комбинација за настап, тој заедно со Мбапе мечот го проследи од трибините а шефот на стручниот штаб на францускиот првак, Томас Тухел ги реши дилемите зошто Бразилецот синоќа одмараше.

Разговарав со него уште во четвртокот, му реков дека можеби нема да игра против Сент Етјен, но, тогаш ми рече дека се чувствува добро. Сепак, повторно разговаравме на денот на мечот, ми рече дека претходната ноќ не спиел воопшто, веднаш ми св вклучи алармот во главата, веќе имаше настап за Бразил и не сакав ништо да ризикувам, заедно донесовме одлука да не игра“ истакна Тухел.

Сент Етјен беше „загревање“ за ПСЖ пред дуелот со Ливерпул на домашен терен во вторник во рамките на воведното прво коло од групите во Лигата на шампионите.