24фудбал

Хрватски „24часа“ за Елмас: Го одби Пеп бидејќи живее за Фенер, а сега на Максимир го напаѓа Динамо

Македонското чудо од дете се најде низ дел од хрватските медиуми кои најавувајќи го мечот во четврток во фокусот на вниманието го ставија токму нашиот Елиф Елмас, за кого не трошеа пофални зборови, од таму велат дека со голот против Коњаспор викендов веќе се кандидирал за почетната постава против Динамо Загреб.

Македонија

Го одби Пеп бидејќи живее за Фенер, а на Максимир го напаѓа Динамо“ пишува во својата најава на мечот помеѓу Динамо Загреб и Фенербахче, во рамките на групната фаза од Лига Европа, хрватски „24часа“, а во својот вовед додава и кратка биографија за тоа кој е Елиф Елмас.

Фенербахче се мачеше против Коњаспор, еден час успорена и здодевна игра го натера Филип Коку да го турне во оган тинејџерот од Македонија со турски корени, а потоа играта стана жива“ додава истиот медиум.


18 годишниот македонски репрезентативец викендов го постигна деби голот во дресот на турскиот гигант Фенербахче, донесе победа од 1-0 против Коњаспор по само шест минути игра откако влезе на теренот, а веќе привлече и голем интерес на себе.

Со овој гол фудбалерот од средниот ред се кандидираше за почетната постава против Динамо во четврток на Максимир во рамките на првото коло од Лига Европа, сето тоа во живо го пратеше Ненад Бјелица (тренерот на Динамо Загреб), а сигурно тој го подвлече името на Македонецот“ додава „24часа“.