24фудбал

Чудниот залет на Погба во пеналот против Јанг Бојс (ВИДЕО)

Французинот го предводеше својот тим до убедлива победа во Берн, постигна два гола а воедно и асистираше во третиот, но, тоа што остана како интересен детал од неговото издание е начинот на кој го изведе пеналот.

Лига на Шампиони

Јанг Бојс не е дораснат противник на Манчестер јунајтед, а гигантот синоќа со победата од 0-3 на гостувањето во Швајцарија ја потврди големата разлика во квалитет помеѓу обете екипи онаму каде што е најпотребно, на теренот.

Одлично издание а воедно предводник во победата на Премиерлигашот беше Погба кој на два пати го натера домашниот чувар да ја вади топката од својот гол, а беше и асистент во третиот гол на мечот, дело на Марсијал.

Сепак, она што остана како интересен детал од изданието на Французинот е пеналот кој го изведе на една минута пред паузата, имаше мало шоу во ударот од белата точка откако пред да ја упати неодбранливата бомба имаше чуден залет од неколку чекори, а Французинот како причина за тоа наведе дека сакал да го измами голманот.