24фудбал

Додека Челси си води во Солун, навивачите на ПАОК се занимаваат со Македонија! (ВИДЕО)

Озогласените навивачи на грчкиот клуб пред очите на целата европска фудбалска јавност во центарот на арената во Солун од мечот помеѓу ПАОК и Челси во Лига Европа, истакнаа транспарент со политичка порака, останува отворено прашањето каква ќе биде реакцијата на Европската куќа на фудбалот.

Лига Европа

ПАОК денес игра на домашен терен против англискиот гигант Челси во првото воведно коло од групите во Лига Европа, а навивачите на грчкиот клуб повторно истакнаа транспарент за нашата јавност веќе добро познат од поодамна.

Македонија е една и единствена, и таа е тука“ пишува на истакнатиот транспарент, па останува отворено прашањето дали и каква ќе биде реакцијата на Европската куќа на фудбалот – УЕФА по ова прашање, ако се земе во предвид дека строго се забранети политички пораки на фудбалските натпревари под капата на таа организација.