24фудбал

Стартот од соништата продолжува за Ливерпул, Сити се истури врз Кардиф, Јунајтед се сопна (ВИДЕО)

Ливерпул го задржа перфектниот учинок на стартот од сезоната, „Црвените“ со 3-0 триумфираа над Саутемптон, Манчестер Сити броеше до пет против Кардриф а Манчестер јунајтед одигра само 1-1 против Вулверхемптон.

Англија

Ливерпул нанижа уште една победа, попладнево на Енфилд без многу проблеми избраниците на Клоп го совладаа Саутемптон.Со автоголот на Хоед во 10. минута, „Црвените“ поведоа, Матип во 21. минута погоди за 2-0 а длабоко во судиското надополнување на првиот дел Салах ги реши сите дилеми и донесе 3-0.


Манчестер Сити победи со убедливи 5-0 на гостувањето кај Кардиф. Резултатот беше отворен во 32. минута, Агуеро погоди во својот 300. настап за „Граѓаните“ и донесе предност од 0-1. Само 180 секунди подоцна домаќините капитулираа одново, Бернардо Силва реализираше за 2-0 а пред крајот на првиот дел, Гундоган зголеми на 3-0.

Актуелниот шампион продолжи во исто темпо и во вторите 45 минути па Марез го постигна својот деби погодок, а пред крајот на мечот Алжирецот по втор пат се запиша во листата на стрелците и го постави конечниот резултат.

Манчестер јунајтед испушти два бода откако имаше водство на полувреме против Вулверхемптон со деби погодокот на Фред. Гостите сепак не се откажаа и преку Мутињо во продолжението од мечот стигнаа до 1-1 и голем бод од гостувањето на Олд Трафорд.