24фудбал

Голот против Евертон му ја донесе на Салах наградата Пушкаш, дали Египјанецот ја заслужува? (ВИДЕО)

Првата награда која беше доделена вечерва на церемонијата „Бест“ веднаш предизвика негативана реакција на фудбалските љубители, Мо Салах го доби признанието „Пушкаш“ за најубав гол.

Останато

Во сезона кога Кристијано Роналдо ги крена навивачите на нозе со своите ножички среде Торино и добие аплауз и признание дури и од фановите на Јувентус, а Герет Бејл исто така со мајсторски ножички стрелаше во финалето на Лигата на шампионите, Мо Салах стигна до признанието „Пушкаш“.

Египјанецот оваа награда ја доби за погодокот против Евертон, кога имаше мал слалом и потоа прекрасно биеше во аголот.

Голем дел од фудбалските љубители веднаш го изразија своето незадоволство и сметаат дека имало многу поубави погодоци од овој на фудбалерот на Ливерпул.