24фудбал

ФИФА доби „шамар“ од играчите, Де Хеа е во тимот на годината, а го нема и финалистот Салах

Здружението на професионални фудбалери, ФИФпро го одбра идеалниот тим за изминатата сезона, изборот на играчите е многу поразличен од оној на светската куќа на фудбалот

Останато

Тибо Куртоа според ФИФА е најдобар голман во годината, но за Белгијанецот нема место во идеалниот тим на сезоната. Самите фудбалери најмногу гласови му дадоа на Давид Де Хеа од Манчестер јунајтед.

Мо Салах можеби е помеѓу тројцата финалисти за најдобар фудбалер во годината, но ниту за Египјанецот нема место во форот во идеалниот тим.

Најдобриот тим за изминатава сезона е составен од Де Хеа на голот, Алвеш, Варан, Рамос и Марсело во одбраната, Модриќ и Канте во средниот ред, Азар, Мбапе и Меси како офанзивци зад напаѓачот Роналдо.