24фудбал

Се случи и тоа, Меси не одбра играчи на Барса или Аргентина и за прв пат гласаше за Роналдо!

Лео Меси за прв пат реши да го пише името на Кристијано Роналдо во изборот на ФИФА за најдобар фудбалер, Аргентинецот му даде еден бод на својот лут ривал.

Останато

Лео Меси и Кристијано Роналдо од 2008 па наваму доминираат кога се во прашање индивидуалните награди и изборот за најдобар фудбалер во годината, па сосема очекувано, тие не си даваат гласови еден на друг.

Сепак, Лео Меси за прв пат реши да го пише името на Кристијано Роналдо.

Аргентинецот гласа од 2011, и до сега помеѓу тројцата кандидати секогаш одбираше или соиграч од Барселона или соиграч од репрезентацијата.

Но ѕвездата на Барселона оваа година се реши драстично да го промени изборот, па му даде пет бода на Лука Модриќ, три на Мбапе и еден на Роналдо.

Гласовите на Меси:

2011 Чави, Иниеста, Аугеро
2012 Иниеста, Чави, Агуеро
2013 Иниеста, Чави, Нејмар
2014 Ди Марија, Иниеста, Маскерано
2015 Луис Суарез, Нејмар, Иниеста
2016 Луис Суарез, Нејмар, Иниеста
2017 Луис Суарез, Иниеста, Нејмар
2018 Модриќ, Мбапе, Кристијано Роналдо

За разлика од него, ЦР7 продолжи со старата шема и својот глас го даде за Варан, Модриќ и Гризман.