24фудбал

Гризман за најтешката одлука во кариерата: Ја разбудив сопругата во три часот по полноќ...

Французинот ја продолжи верноста со Јорганџиите, а таа одлука ја донел низ еден исклучително тежок период, одлуката била тешка, а ја соопшти во видео обраќање до јавноста пред првиот меч на Франција на Светското првенство во Русија против Австралија.

Шпанија

Антоан Гризман летово потпиша нов договор со Атлетико Мадрид, а со тоа го заобиколи големиот интерес од Барселона која даваше силни напори да дојде до потписот на офанзивецот кој признава дека имал тежок период.

Постоеше период кога не се чувствував добро, ја разбудив мојата сопруга во три часот по полноќ и ја прашав Што ќе правиме? Јас се обидов да разговарам на таа тема, но таа не успеа да ми помогне, не знаеше што размислувам. Моите родители, исто така. Некои членови на моето семејство сакаа да ме видат во Барселона, други не, тешко беше...“ открива Гризман.

Тој не заборава на моментите кога неговите соиграчи од Атлетико Мадрид правеле напори за тој да донесе финална одлука да остане во дресот на Јорганџиите, вели дека тоа силно допрело до него.

Сите ми се јавуваа, ме прашуваа како сум, што мислам, секогаш кога ќе разговараа со мене ми велеа Сакаме да останеш, ќе направиме сеза да останеш, подготвени сме да направиме многу работи заедно, тоа допре до мене“ додаде Французинот кој беше поврзуван со трансфер на Камп Ноу вреден 100 милиони евра.