24фудбал

Синот на Бонучи почна да тренира во Торино, Лоренцо не го сака Јувентус

Шестгодишниот син на Леонардо Бонучи, Лоренцо почна да тренира во школата на Торино иако неговиот татко е еден од важните фудбалери во Јувентус.

Италија

Од поодамна беше познато дека синот на Леонардо Бонучи, Лоренцо навива за Торино. Негов идол е Андреа Белоти со кој има и фотографија.

Иако неговиот татко е фудбалер на Јувентус, Лоренцо навива за градскиот ривал на италијанскиот шампион. 

Италијанските медиуми сега пишуваат дека Лоренцо веќе почнал да тренира за Торино, а на првите тренинзи го носел токму Леонардо Бонучи кој претходно изјави дека не сака да влијае на изборот на неговиот син.

За разлика од Леонардо Бонучи кој една година играше во Милан па се врати во Јувентус, Лоренцо засега е верен на Торино.