24фудбал

Иско итно на операција, го чека пауза од еден месец

Хулен Лопетеги во следниот период нема да може да смета на Иско, фудбалерот од средниот ред денеска итно е опериран поради воспаление на слепото црево

Шпанија

Лоши вести за „Кралевите“ пред незгодното гостување кај Севиља, Иско нема да може да помогне на „Рамон Санчез Писхуан“, а фудбалерот од средниот ред ќе биде надвор од стројот и во следниот период.

Шпанецот кога дошол на денешниот тренинг се пожалил дека не се чувствува добро, веднаш му биле направени тестови и се востановило дека тој има воспаление на слепото црево па итно му е извршена операција.

Според пишувањата на медиумите блиски до Реал Мадрид, Иско ќе треба целосно да мирува најмалку една недела, и се очекува да почне да тренира со полна пареа дури по три недели.

Доколку се оди според планот, Иско ќе биде во комбинација за дуелот со Леванте на 20. октомври, а главна цел е тој да биде максимално подготвен за мега пресметката со Барселона на Камп Ноу на 28. октомври.