24фудбал

Роси кој мака мачеше со повредите, сега падна и на допинг тест

Нема крај на негативните епизоди во кариерата за Џузепе Роси, анти-допинг агенцијата во Италија соопшти дека фудбалерот бил позитивен на допинг тест.

Италија

Џузепе Роси на кој кариерата му ја одбележаа повредите, сега падна и на допинг тест, бил позитивен на дорзоламид. Тестот бил направен по натпреварот меѓу Беневенто и Џенова кој се играше во финишот од минатата сезона.

Дорзоламидот е супстанца која не влијае на подобрување на перформансите на спортистот, но таа служи за прикривање на внес на други допинг супстанци. Овозможува фалсификување на резултатите доколку спортистот користел недозволиви средства.

Тој се внесува како капки за очи, а во јуни и јули кога бил испрашуван од анти допинг агенцијата, Роси велел дека не користи никакви капки за очи.

Роси кој во моментов е без клуб откако ја напушти Џенова по крајот на сезоната, се уште не е суспендиран. Одлуката ќе биде донесена на 1. октомври, а обвинителот бара суспензија од една година.