24фудбал

Интер покажува знаци на живот, ја победи и Фиорентина (ВИДЕО)

Интер со 2-1 ја победи Фиорентина во денешниот меч од Серија А, капитенот Икарди повторно беше главен на теренот.

Италија

Победата над Тотнем во Лигата на шампионите како да им даде дополнителна самодоверба на играчите на Интер кои по тој дуел врзаа два триумфи во Серија А.

По гостинската победа кај Сампдорија, денеска Интер ја победи Фиорентина со 2-1 и се израмни бодовно со виолетовите.

Резултатот го отвори Икарди со гол од пенал пред истекот на второто полувреме. По осум минути игра во вториот дел Киеза го изедначи резултатот на 1-1.

Во 77. минута Д'Амброзио победи, а асистираше Мауро Икарди.