24фудбал

Покетино: Моите фудбалери се херои, се бореа против Меси, Суарез, Кутињо...

Првата ѕвезда на Каталонците беше сопрен во првиот дел каде неговиот тим со головите на Кутињо и Ракитиќ имаше капитална предност, но, во вториот иако домаќините намалија и се вратија во игра, тој настапи на сцена со два гола.

Лига на Шампиони

Тотенхем е во сериозни проблеми откако синоќа на домашен терен во Лондон загуби од Барселона со 2-4 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите, тоа е проблем за тимот на Маурисио Покетино кој во првото коло од тоа натпреварување иако водеше, на крајот загуби на гостувањето кај Интер.

Сепак, Покетино и покрај поразот упати честитки до своите избраници за борбената игра, тој додава дека иако не му дозволиле на Меси ниту една шанса во првиот дел, во вториот било неверојатно како трча на теренот со еден таков простор во играта.

Би сакал да му честитам на мојот тим, ние постојано бевме во игра на натпреварот, се боревме, не се предававме“ рече Покетино.

Не му дозволивме на Меси да креира ниту една шанса во првото полувреме, а во второто, со таков простор, неверојатно е како тој трча. Игравме со голем хендикеп откако примивме гол по само една минута. Нашите фудбалери се херои бидејќи се бореа да се вратат против Меси, Суарез, Кутињо... Мура можеше да го израмни резултатот, потоа вие сигурно би рекле дека ние сме херои и тренерот е најдобриот на светот“ додаде аргентинскиот фудбалски стратег.