24фудбал

Нејмар откри што му рекол на Тухел откако овој одлучи да го извади од игра против Црвена Звезда

Бразилецот го украде шоуто од големата победа на францускиот првак, а за момент многу прашања се отворија по неговата конверзација со Тухел откако овој одлучи да го повлече од игра во услови на веќе добиен меч.

Лига на Шампиони

По поразот кај Ливерпул во првото коло, ПСЖ вчера на домашен терен ја наполни мрежата од голот на Црвена Звезда, славејќи пред своја публика со 6-1, а шоуто го украде Нејмар постигнувајќи три погодоци.

Сепак, многумина проследија една чудна конверзација помеѓу Бразилецот и неговиот тренер Томас Тухел, кој во 82. минута се реши да го повлече од игра, не сакајќи да ризикува со него на меч кој веќе е добиен.

Многумина се посомневаа дека првата ѕвезда на ПСЖ не ја прифатил одлуката на Тухел да биде заменет па имал и неколку забелешки кон него, но, Бразилецот по мечот ги откри деталите од таа конверзација.

Му реков да не ме вади од игра, но тоа беше шега, имам прекрасен однос со него, но, мислам дека на сите им е јасно дека сакам да ги играм сите 90 минути“ рече Нејмар.