24фудбал

Нов клуб стари проблеми, Кариус со голем кикс го почасти Малме гол (ВИДЕО)

Лорис Кариус изминатово лето го напушти Ливерпул по големите грешки во финалето од Лигата на шампионите и се пресели во Бешикташ, но промената на средината не му помогна многу

Лига Европа

Германецот е големиот трагичар на „Црвените“ од пресметкаат со Реал во Киев кога со две катастрофални грешки му овозможи на противникот да реализира два гола и на крајот да слави со 3-1 во финалето од Лигата на шампионите.

Ливерпул и Клоп во прв момент му дадоа поддршка, дури и направија специјални тестови кои покажале дека Лорис Кариус се здобил со потрес на мозокот по сударот со Серхио Рамос, па вината беше префрлена кај дефанзивецот на „Кралевите“.

Но како одминуваше времето, клубот од Енфилд реши дека е време за промени и за рекордна сума го донесе Алисон од Рома а на Лорис Кариус му беше дозволено да премине во Бешикташ.

Промената на средината сепак не помогна многу, голманот вечерва имаше нов голем кикс и го почасти Малме гол во Лига Европа.