24фудбал

Онлајн анкетата за Златната топка „изчезна“ откако Меси дојде до убедливо водство

Организаторот се реши за потег кој воопшто не им се допадна на големите љубители на фудбалот кои се револтирани од тоа што анкетата „исчезна“ од фудбалскиот магазин.

Останато

Францускиот фудбалски магазин „Франс Фудбал“ ја повлече онлајн анкетата во која иако не е главниот фаворит за освојување на престижната награда, со дури 48% од гласовите на првото место се искачи Лионел Меси.

Организаторот на доделувањето на Златната топка ја повлече онлајн анкетата а сето тоа донесе револт кај фудбалските фанови, познато е дека јавното мислење не учествува во одлуката за добитникот на наградата, но, ќе додадеме дека на второто место со 31% од освоени гласови се најде Мохамед Салах, а само 8% осамнаа зад името на Кристијано Роналдо.

Големата церемонија за доделувањето на наградите ќе се случи во Париз на 3 декември, а номинирани се 30 кандидати.