24фудбал

Челси го загуби трпението со Мората и оди на јануарски шопинг во Милано по негова замена

Челси не може веќе да чека Алваро Мората да влезе во форма, Маурицио Сари сака нов напаѓач, а него го бара во Милано.

Италија

Според „Сан“, Челси сака некој од Мауро Икарди или Патрик Кутроне да биде замената за Алваро Мората и тоа да се случи уште во јануари.

Икарди е на врвот на листата со желби, тој е првиот избор, но напаѓачот на Интер нема да чини помалку од 100 милиони евра.

Втората цел е напаѓачот на Милан, Патрик Кутроне, но се очекува и „росонерите“ да бидат тврди во преговорите, па ниту тие нема да се откажат евтино од својот фудбалер.

Во Челси сметаат дека на Мората му дадоа и повеќе време отколку што требаше, но тој никако да ги оправда очекувањата за фудбалер кој потпиша за 65 милиони фунти.