24фудбал

Тренерот на Фиорентина објаснува како смртта на Астори влијае врз игрите на неговиот тим

Тренерот на Фиорентина, Стефано Пиоли вели дека Давиде Астори се уште има големо влијание во играта на виолетовите.

Италија

Фиорентина е пријатно изненадување оваа сезона во Серија А и би можела да се бори за едно од првите четири места кои водат во Лигата на шампионите. Тренерот Стефано Пиоли вели дека и поранешниот капитен Астори кој трагично почина има големо влијание врз тимскиот дух.

„Астори и Милан Бадељ беа моите референтни точки во соблекувалната. Тимот многу се промени тоа лето. Тоа што се случи беше шок и ме натера да ги ценам моите фудбалери уште повеќе на човечко ниво. Тоа што го рече Витор Хуго пред некое време е точно: Давиде Астори се уште е со нас“, вели тренерот Пиоли.

„Момците кои беа тука минатата сезона многу добро ја пренесоа ситуацијата на новите играчи. Ние сме тим со посебна причина да играме добро“.

„Овие момци беа толку силни и обединети во нивната болка. Едноставно им реков да го продолжиме она што го почнавме со Астори. Отсекогаш сум ги сакал моите играчи, но со оваа група тоа уште повеќе е така. Мислам дека тоа што се случи не обедини нас уште повеќе и не направи посилни“.