24фудбал

Де Брујне објави доста интересно видео потврдувајќи дека се враќа

Пеп Гвардиола потврди дека фудбалерот од средниот ред на англискиот првак Манчестер Сити, Кевин Де Брујне е подготвен за денешната пресметка со Барнли на домашен терен во рамките на деветтото коло од Премиерлигата.

Англија

На вчерашната пресконференција во пресрет на дуелот со Барнли, каталонскиот стратег од клупата на Сити, Гвардиола истакна: Не знам дали Де Брујне ќе биде во можност да одигра 90 минути, но, тој тренираше одлично во последните две седмици и не чувствува болка, подготвен е повторно да биде дел од екипата“, додавајќи дека Белгиецот има големо значење и улога во тимот.

Иако постоеа најави дека офанзивецот кој лани имаше фантастична сезона, ќе биде вон комбинација за настап до идниот месец, тој се врати порано од предвиденото, а на социјалните мрежи објави интересно видео по повод враќањето...