24фудбал

Баркли во 96. минута го спаси Челси од пораз против Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Челси беше на работ да го доживее првиот пораз оваа сезона но благодарение на Рос Баркли кој даде гол во 96. минута се изборија за реми 2-2 против Манчестер јунајтед.

Англија

Секунди го делеа Манчестер јунајтед од победа против на гостувањето кај Челси, но сините се изборија за реми и останаа непоразни во Премиерлигата оваа сезона.

Челси добро го почна натпреварот, по еден центаршут на Вилијан од корнер, Рудигер со глава постигна гол за водство од 1-0.

Но, Манчестер јунајтед како и против Њукасл, го сврте мечот комплетно во вториот дел. Момците на Мурињо заиграа подобро, нападнаа и тоа вроди со плод.

Во 55. минута дојде една топка до Марсијал во шеснаесетникот која тој ја смести во мрежата на Кепа.

На 15. до крајот повторно Марсијал беше главен, овој пат постигна одличен погодок за комплетен пресврт и водство на Манчестер јунајтед од 2-1.

Судијата покажа шест минути продолжение, и токму во 96. минута Рос Баркли начека една одбиена топка и ја смести во мрежата за голема радост на Челси и конечни 2-2.