24фудбал

Вардар: Кој донесе одлука дека голот на Шкендија е регуларен? (ФОТО)

Шкендија со сомнителен погодок води со 1-0 на гостувањето кај Вардар, а од скопскиот клуб се чудат на одлуката со оглед на тоа што ниту еден од судиите немаше прегледност.

Македонија

Голот кој Шкендија го даде на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари е сомнителен. Нејасно е дали топката ја помина гол лнијата.

Вардар веднаш излезе со соопштение во кое вели: „Од фотографијата се гледа дека нема кој да донесе одлука дали е гол или не, со оглед дека на фотографијата се гледа дека дополнителниот асистент гледа на другата страна, а пак, помошникот го нема на неговото место. 

Од каде одлуката на судиите дека топката ја минала гол линијата? Од оваа фотографија и не може да се види најубаво. Во секој случај голот е во најмала рака спорен“.