24фудбал

Голем кикс на Донарума, Икарди донесе победа за Интер во 92. минута (ВИДЕО)

Интер го доби градското дерби со Милан во последните секунди од мечот, Донарума заплива во празно а Мауро Икарди рутински ја смести топката во празната мрежа.

Италија

„Нероаѕурите“ стигнаа до цел плен на градското дерби иако се чинеше дека бодовите ќе бидат поделени. Џиџо Донарума направи голем кикс во 92. минута и му овозможи на Мауро Икарди да постигне гол.

Во еден прилично изедначен натпревар со многу борби и малку шанси, најголемите возбудувања се случија во првиот дел кога имаше два поништени гола, по еден на двете страни а Де Врај ја погоди и пречката по еден корнер.

Во продолжението од мечот, Милан повеќе мислеше како да остане непоразен а како одминуваше времето ниту пак Интер имаше желба нешто посериозно да го загрози голот на пртивникот.

И кога се чинеше дека нема да има голови на „Џузепе Меаца“, од една акција која не изгледаше опасна, голманот на Милан лошо процени една топка, заплива во празно и му овозможи на Икарди рутински со глава да ја затресе празната мрежа за голема радост на домаќините и три бода.