24фудбал

Берлускони во Монца за тренер донесе поранешен фудбалер на Милан

Силвио Берлускони си донесе свој тренер на клупата на Монца, клуб кој од неодамна е во негова сопственост.

Италија

Кристијан Броки е новиот тренер на Монца, тој доаѓа на местото на Марко Зафарони кој немаше победа во последните пет меча. 

Монца игра во Серија Ц Група Б и во моментов е на десетото место на табелата.

42-годишниот Броки има повеќе од 100 настапи за Милан во играчката кариера.

Тој тренерската кариера ја почна во младинскиот тим на Милан во 2014 година, а во сезоната 2015/16 го водеше првиот тим на росонерите во последните седум меча од сезоната откако Синиша Михајловиќ доби отказ.