24фудбал

Арсенал не запира, десетта победа по ред (ВИДЕО)

Арсенал одигра уште една одлична партија, блескаше во второто полувреме и со пресврт дојде до победа над Лестер од 3-1.

Англија

Неверојатната победничка серија на Арсенал продолжуваа, топчиите ја остварија десеттата победа по ред во сите натпреварувања откако денеска славеа над Лестер на Емирати.

Натпреварот не започна најдобро за Арсенал, во 31. минута Белерин го смени правецот на топката и таа заврши зад грбот на Лено за водство на Лестер од 1-0.

Пред самиот крај на првото полувреме, Белерин асистираше до Озил кој реализираше за израмнување на 1-1.

Во 63. минута се случи фантастична акција на Арсенал, Озил имаше неверојатен пас до Белерин кој со втора асистенција го послужи новвлезениот Обамејанг а тој постигна гол за пресврт и водство на неговиот тим од 2-1.

Само три минути подоцна нов гол на Обамејанг, овој пат со асистенција од Озил за конечни 3-1.

Арсенал сега е на четвртата позиција на табелата со 21 бод колку што има и Челси, пред нив се Манчестер Сити и Ливерпул со по 23 бода.