24фудбал

Како Чупо Мотинг го „издрибла“ Мбапе: Поздрави ја, тоа е мојата мајка... (ВИДЕО)

Камерунецот иако не добива многу прилика за докажување од Тухел, веројатно ужива во својот престој во богатиот француски клуб, по мечот со Амиен тој најде начин да се забавува на теренот.

Франција

ПСЖ изминатиот викенд дојде до убедлива победа над Амиен во редовното коло од француската Лига 1, Мбапе постигна еден гол во десеттата победа за францускиот првак во таа конкуренција, а Чупо Мотинг иако не доби шанса за настап, добро се забавуваше по мечот.

Поранешниот фудбалер на Стоук кој направи трансфер кој ги изненади многумина љубители на фудбалот, по последниот судиски свиреж му пријде на Мбапе и го замоли да ја поздрави неговата мајка, покажувајќи кон една жена на трибините.

На тоа Мбапе веднаш реагираше и ја поздрави жената кон која покажуваше Чупо Мотинг, но, набрзо сфати дека сето тоа е една голема шега од неговиот соиграч.