24фудбал

Барди по потпишувањето на новиот договор: Кога ќе ги слушнам навивачите како викаат „Барди, Барди“...

Енис Барди е среќен што ја продолжува соработката со Леванте, вели дека во Валенсија веќе се чувствува како дома и се надева дека уште долги години ќе го носи црвено-синиот дрес.

Македонија

Барди денеска стави потпис на нов договор со Леванте според кој во клубот ќе остане во јуни 2022 година. Неговата откупна клаузула се зголеми двојно, сега изнесува 50 милиони евра со што тој станува најскапиот македонски фудбалер.

Барди е среќен што стави потпис на нов договор, вели дека сака да остане уште долго во клубот.

„Многу сум задоволен, се чувствувам одлично овде, особено сега, во последно време, почнав да се чувствувам како дома. Овде дојдов пред една година и се надевам дека ќе останам уште многу години“, изјави Барди по потпишувањето на новиот договор.

„Првите натпревари кои ги одиграв за Леванте ми дадоа многу самодоверба, ми дадоа поддршка и сите од клубот и од навивачите. Тоа ми дава сила и желба да продолжам да работам и да дадам уште многу за овој клуб. Особено сум благодарен на навивачите, што нѐ поддржувааат, тие се навистина нашиот 12-ти играч. Со нас се и во добро и во лошо и затоа се чувствувам одлично овде. Всушност, навивачите се една од причините поради кои играм со самодоверба, кога ќе чујам како навиваат „Барди, Барди“, тоа ми дава голема самодоверба и јас навистина верувам дека можам да ја загрозам противничката екипа“.