24фудбал

Гатузо: Не размислувам како да си го спасам задникот, размислувам само на тимот

Милан неочекувано го забележа првиот пораз во Лига Европа сезонава, ништо не им одеше на Росонерите вечерва, а се' што успеаа да направат е само да го ублажат поразот, и тоа со гол од фудбалер кој влезе од клупата за резерви.

Лига Европа

По поразот од Интер во дербито на Милано, екипата на Милан забележа нов пораз, овој пат доста неочекуван, на домашен терен од Бетис во третото коло од Лига Европа, ништо не им одеше на Росонерите, а имаа и црвен картон во финишот, а единствено што успеаа да направат е ублажување на поразот, и тоа со голот на Кутроне (1-2).

Јасно е дека притисокот врз шефот на стручниот штаб на Милан, Џенаро Гатузо е голем, извесен период неколку имиња веќе се појавија низ италијанските медиуми како негови можни наследници на клупата на Росонерите, но, Гатузо по поразот од Бетис даде изјава во свој стил.

Загрижен сум за менталитетот кој го имаме, ние сме кревки, плашливи, не знам што да сторам повеќе... Не размислувам на тоа како да си го спасам задникот, туку размислувам само на тимот“ рече тој.

Милан во четвртото коло кое се игра за две седмици, гостува кај Бетис во Шпанија.