24фудбал

Тухел го враќа Буфон на голот на ПСЖ

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел потврди дека Џиџи Буфон ќе брани на следните два натпревари од кои едниот е против Наполи во Лигата на шампионите.

Франција

Буфон имаше суспензија од три меча во Лигата на шампионите откако доби црвен картон против Реал Мадрид. Тухел веднаш ќе му даде шанса на ветаранот и тој ќе биде меѓу стативите на дуелот со Наполи, а се враќа на голот и во француското првенство.

„Тој ќе биде на голот утре, а исто така и против Наполи“, изјави Тухел на деншниот прес пред мечот со Лил.

„Отсекогаш сум велел дека тој е многу важен за нас, бидејќи е легенда и имал голема кариера“.

„Има големо искуство и тоа е навистина важно, но и неговиот приод во спортот. Многу е важно што Џиџи е тука да зборува со сите и да го споделува своето искуство“.