24фудбал

„Поради една СМС порака ми пропадна кариерата во Јувентус“

Иако од него се очекуваше многу, од тоа не се случи ништо, а поранешниот фудбалер на Старата Дама тврди дека причина за големиот пад во неговата кариера, особено во периодот минат во италијанскиот гигант е една СМС порака.

Италија

Поранешниот напаѓач на Јувентус, Винсент Перикард тврди дека неговата кариера во дресот на Јувентус можела да биде многу поуспешна да не била СМС пораката која тој и ја пратил на девојката на Роберто Бетега, поранешниот потпретседател на Јувентус.

Перикард се сметаше за еден од најголемите таленти во фудбалска Европа, многу се очекуваше од него по трансферот од Сент Етјен во Јувентус во 2000. година, но, Французинот не покажа ништо од тоа, а ја наведе и причината зошто сему тргнало во надолна линија.

Мојот живот надвор од Јувентус како клуб, беше скандалозен“ вели тој за Camfoot.

Јас и двајца други француски фудбалери имавме часови по италијански јазик со една преубава девојка која ги одржуваше истите. Една вечер, ние бевме во мојот дом и јас и пратив порака со што ја поканив да дојде, доколку посакува, на некоја пијачка“ додава Французинот кој потоа дообјасни и што следело откако ја испратил пораката.

По еден час ми заѕвони телефонот, тоа беше Роберто Бетега, потпретседателот на Јувентус. Тој не праша кои се замислуваме дека сме со тоа што и праќаме пораки на неговата девојка, ние всушност немавме никаква претстава дека тоа беше негова девојка, тоа беше ужасно, си ја уништив кариерата во Јувентус само поради една СМС порака, сигурен сум дека доколку не се случеше тоа, мојот живот ќе беше целосно поинаков“ заклучи Перикард.