24фудбал

Ангеловски: Димитриевски останува прв голман

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски верува дека нашата репрезентација ќе ја оправда улогата на фаворит против Лихтенштајн и Гибралтар и со две победи ќе се пласира на завршниот турнир.

Англија

Ангеловски денеска го соопшти спсиокот за мечевите против Лихтенштајн и Гибралтар, последните од групната фаза во Лигата на нации.

Победничката серија на Македонија беше прекината од Ерменија каде што македонските фудбалери одиграа разочарувачки натпревар, но Ангеловски верува дека тоа нема да се повтори.

„Сите работи во групата зависат само од нас. Имаме три бода предност пред последните два меча. Фаворити сме и се надевам дека ќе ја оправдаме улогата и со две победи ќе одиме понатаму. Причините за поразот во Ереван беа индивидуални грешки, имаше критики за нашата игра, дел од нив сосема ги оправдувам. Но, критиките се составен дел од нашата работа. Ние одиме понатаму, обединети сме повеќе од било кога. Нема да дозволиме еден пораз да ја разниша целата атмосфера која ја градевме три години“, изјави селекторот.

„Списокот е веќе стандарден, како трет голман е повикан Дени Илиев, веќе најавив дека ќе ротираат со Шишковски и со Алексоски доколку ја поврати старата форма. Повикан е и Крсте Велкоски кој игра во добра форма во Сараево. Во план ни беше и Бесарт Ибраими, но се здоби со повреда. На првата голманска позиција ќе остане Димитриевски“.

„Лихтенштајн е противник со кого веќе игравме претходно. Очекувам да влеземе максимално сериозно и да ја добиеме првата средба. Потоа ќе следи Гибралтар и ќе размсилуваме за него. Македонија е фаворит на овие два меча, но мора да ја оправдаме улогата. Ќе играме офанзивно како и секогаш. Примарна цел ќе биде да се добијат натпреварите, а ако се даде можност победата да биде што поубедлива, ќе се потрудиме да го направиме тоа“.