24фудбал

Озил: Би можел кариерата да ја завршам во Арсенал

Озил на девет настапи во новата сезона од Премиерлигата постигна три погодоци, во едно интервју на Островот тој не ја отфрла можноста да се пензионира во дресот на Арсенал, вели дека ужива играјќи за голем клуб како тимот од Лондон.

Англија

Месут Озил тврди дека би можел својата кариера да ја заврши во дресот на Арсенал. 30 годишниот Германец потпиша нов договор со овој клуб во јануари вреден 350,000 фунти неделна плата, а со истиот има должност да биде верен на тимот од Лондон до 2021. година.

Озил се повлече од репрезентацијата на Германија изминатото лето, поради една фотографија со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по што доби големи критики во Германија, а тој револтиран од сето тоа, наведе дека повлекувањето е поради расизам, сепак, тој има импресивни перформанси во Арсенал под кормилото на Унаи Емери.

Во фудбалот сее можно, среќен сум што играм за голем клуб како што е Арсенал, уживам во овој клуб и можам само да замислам да ја завршам кариерата тука“ рече Озил во изјавата за Standard Sport.

Можеби на 38! Не, навистина, јас размислувам на оваа тема, доколку се чувствувам добро, би можел да игра до 35. или 36. година, не знам, доколку себиде во ред, ќе видиме“ додаде тој на прашањето кога би можел да стави точка на својата кариера.