24фудбал

Големи три бода за Елмас и Фенербахче против Андерлехт

Елиф Елмас го одигра целиот натпревар за Фенербахче против Андерлехт, неговиот тим победи со 2-0 и освои три многу важни бода во битката за првите две позиции кои водат во следната фаза.

Лига Европа

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас одигра уште еден цел натпревар под водство на новиот тренер. Тој имаше и одлична шанса на почетокот од вториот дел да го отвори резултатот но гостинскиот голман со крајни напори му го одбрани ударот.

Турскиот тим го скрши отпорот на Андерлехт во 71. минута со гол на Валбуена, а само три минути подоцна Фреј ги постави конечните 2-0.

По четири одиграни кола Фенербахче е на втората позиција со седум бода, Динамо Загреб е прв со девет но и натпревар помалку, тие играат вечерва со Спартак Трнава.