24фудбал

Лингард се потсмеваше со Роналдо: Кој е подобар? (ФОТО)

Манчестер јунајтед со сиот плен си замина од гостувањето во Торино, за Премиерлигашот тоа беше втора победа во Лигата на шампионите сезонава, а воедно и слатка одмазда за поразот пред своја публика во претходното коло од Старата дама.

Лига на Шампиони

Манчестер јунајтед со победа од 1-2 се врати од гостувањето кај Јувентус во четвртото коло од елитното европско клупско натпреварување, Кристијано Роналдо ги доведе во почетно водство домаќините, но, во самата завршница со головите на Мата и автоголот на Бонучи гостите освоија три бода.

Џеси Лингард се потсмеваше со првата ѕвезда на Јувентус по мечот на социјалните мрежи, Португалецот при прославувањето на голот ги покажа своите стомачни мускули, а тоа го направи и фудбалерот на Манчестер јунајтед, но, со фотографија на социјалните мрежи, па направи споредба и го праша Роналдо: „Кој е подобар?“.