24фудбал

Вицепремиерот на Италија: Се засрамив од однесувањето на Игуаин, платен е со милиони (ВИДЕО)

Напаѓачот на Милан на социјалните мрежи упати извинување за своето однесување на дербито, откако ги загуби нервите по добивањето на црвениот картон, но, тоа не поминува кај Салвини, кој е инаку голем навивач на Росонерите.

Италија

Милан не беше моќен да дојде до позитивен исход од дербито на колото во Серија А изминатиов викенд, на домашен терен пред своја публика претрпе пораз од Јувентус со 0-2, а притоа Гонзало Игуаин не успеа да погоди од белата точка.

Аргентинскиот напаѓач во една ситуација ги загуби нервите, па откако му беше доделен жолт картон со сиот можен глас му се нафрли на главниот арбитар на дербито, кој не се двоумеше веднаш да му додели уште еден и предвреме да го испрати во соблекувалната.

Игуаин на тоа уште повеќе збесна, а неговите соиграчи и од противничкиот табор никако не успеаа да го смират, а од неговите реакции се засрамил дури и потпретседателот на владата на Италија, Матео Салвини, кој инаку е навивач на Росонерите.

Фудбалот е огледало на државата, бев на Сан Сиро во неделата заедно со мојот син, се почувствував засрамено од однесувањето на напаѓачот на Милан, тој е платен со милиони за да се контролира себе си, и покрај тоа што ова не ми оди во прилог како навивач на тој клуб, се надевам дека ќе добие долга суспензија“ рече Салвини кој инаку ја обавува и функцијата министер за внатрешни работи на Италија.