24фудбал

Малиот кој ја фати цела Аргентина на емоции ќе ги гледа Ривер и Бока на Монументал (ФОТО)

Историската средбата на лутите ривали Бока и Ривер во финалето на Копа Либертадорес предизвикува огромен интерес и креираше голем број на интересни приказни.

Јужна Америка

6 годишниот Ренцо од Парана имал сон, да го гледа реваншот во финалето од Лигата на шампионите во Јужна Америка помеѓу Ривер и Бока на Монументал. Иако картите за мечот се распродадени од поодамна, детенцето не се откажало, па започнало продажба пред својот дом.

На маса ги ставил највредните свои работи, односно играчките, заедно со пораката: „Ги продавам играчките за да одам на Монументал“.

Едноставен но ефективен слоган, па веднаш штом неговите родители ја објавиле фотографијата на социјалните мрежи, таа станала вирална и започнала акција за остварување на детскиот сон.


Прв кој понудил помош бил фан клубот на Ривер од Малага, Шпанија, кој започнал акција за собирање средства со кои Енцо и неговата мајка ќе отпатуваат во Буенос Аирес. Со оглед на тоа дека Ривер-Бока е веќе распродаден, тие му обезбедиле билети за мечот против Гимназија Ла Плата во декември.

„Ривер не е само фудбалски клуб, Ривер е семејство, љубов и пасија“ – гласи пораката на Фејсбук на фан клубот на Ривер од Малага.

Ренцо сепак ќе биде на Монументал овој викенд откако реагирал претседателот на фан клубот на Ривер во Парана, Емануел Хулијан Бернеауд кој обезбедил два билети.

„Кога ја видов објавата за Ренцо на социјалните мрежи, каде што вели дека ги продава играчките за да оди на стадион, без двоумење веднаш го посетив. Мојата мајка во 2001 го направи невозможното за јас прв пат да одам да го гледам Ривер. Претпоставувам дека дури и престанала да јаде за да ми го оствари сонот“ – вели Емануел Хулијан Барнеауд.

Но тоа не е се, малдиот Ренцо исто така добил и капа и дрес од Ривер со потписот на легендарниот Енцо Франческоли.