24фудбал

Дали Аргентина без Меси игра подобро? Икарди ја фали атмосферата

Аргентина со Лео Меси досега не успеа да освои трофеј, Аргентинците имаа лош настап на Светското првенство во Русија, Икарди сега повторно е во составот и вели дека во моментов во репрезентацијата владее атмосфера како никогаш претходно.

Јужна Америка

Аргентина со 2-0 го победи Мексико, а Икарди конечно постигна гол за репрезентацијата. Тој ја фали атмосферата под водство на Лионел Скалони и неговите асистенти. Во составот овој пат го немаше Лео Меси.

„Ми недостасуваше гол, чекав на него и сега сум среќен. Не е лесно да играте без постигнат гол, притисокот е голем, но сега се надевам дека ќе продолжам вака“, вели Икарди.

„Ние сме навистина одлична група, можеме многу да напредуваме и среќни сме со работата на Скалони, Волтер Самуел и Пабло Аимар“.

„Се разбира, на федерацијата е да одлучи за нивната иднина, но можам да кажам дека сега атмосферата во националниот тим е како никогаш претходно“.

„Сега се чувствуваме комфорно и нешто многу важно се гради. Сум работел и под водство на претходниот менџмент, но никогаш не сум видел вакво пријателство и обединетост меѓу нас“.

„Меси? Тој е најдобриот фудбалер во светот и се надевам дека ќе дојде со нас, особено што пред нас е Копа Америка“.