24фудбал

Рафаел со старт за затвор (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед кој во моментов ги брани боите на француски Лион имаше страшен старт врз противнички фудбалер, а главниот арбитар на мечот воопшто не се двоумеше предвреме да го испрати во соблекувалната.

Франција

Лион стигна до посакуваната победа над Сент Етјен во првиот меч во рамките на 14 коло од француската Лига 1, домаќините со еден гол дојдоа до трите бода, а мечот сепак го одбележа црвениот картон кој го доби дефанзивецот Рафаел.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед при водство на својот тим само осум минути по голот кој го постигна Денајер направи застрашувачки старт по кој веднаш доби директен црвен картон.