24фудбал

Елмас не го победи Адеми но оди понатаму, Тричко донесе победа за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

Фенербахче одигра без голови против Динамо Загреб, но на коло пред крајот му се приклучи на хрватскиот тим во елиминациската фаза од Лига Европа, Тричковски со гол во финишот му донесе победа на АЕК Ларнака на гостувањето кај Цирих.

Лига Европа

Македонските репрезентативци, Елиф Елмас и Аријан Адеми имаа меѓусебен дуел во Истанбул кој заврши без голови 0-0, но на Фенербахче овој бод му е доволен за пласман во елиминационата фаза од Лига Европа, а Динамо Загреб тоа го направи уште во минатото коло.

Иван Тричковски со гол во 85. минута донесе победа за АЕК Ларнака на гостувањето кај Цирих од 2-1, но овој триумф беше пиров бидејќи тие уште во минатото коло ги загубија шансите за следната рунда. Македонскиот напаѓач натпреварот го почна од клупата, во игра влезе во 66. минута и на крајот беше најзаслужен за триумфот.

Во следната фаза ќе игра Стефан Ристовски кој се уште е во аут поради повредата, но неговите соиграчи вечерва славеа убедлива победа од 6-1 на гостувањето кај Карабак и го заверија пласманот во нокаут фазата.

Бобан Николов ги одигра последните 15 минути од гостувањето на МОЛ Види кај Бате Борисов. Унгарскиот тим загуби со 2-0, па во следното коло преку Челси ќе треба да избори пласман понатаму, а тоа нема да биде нималку лесно.