24фудбал

Биелса донираше дрес на Алиоски во Чиле, еве колкава цена на аукцијата достигна „десетката“ на Лидс

Убав гест на стратегот од клупата на Лидс, каде настапува нашиот Езгјан Алиоски, токму дрес со „десетката“ од тимот на Еланд Роуд беше испратен на аукција за добротворни цели во Чиле, и тоа лично од Биелса.

Македонија

Шефот на стручниот штаб на англискиот Чемпионшиплигаш Лидс, Марсело Биелса донираше дрес од таа екипа, и тоа за добротворни цели во Чиле.

Како поранешен селектор на таа јужно американска земја, која ја предводеше и на Мундијал, Биелса голема солидарност за еден хуманитарен настан кој се одржува редовно од 1978. година па наваму.

Аргентинскиот медиум „Оле“ пренесе за овој убав гест на Биелса, а тоа што секако е најинтересно во целата оваа ситуација, за македонските љубители на фудбалот, е тоа што дресот кој Биелса го испрати за добротворни цели во Чиле, со свој потпис, е оној со број „10“, кој го носи нашиот репрезентативец од редовите на Лидс, Езгјан Алиоски.

„Оле“ додава дека дресот на аукција имал почетна цена од 50,000 чилеански песоси, а достигнал 350,000, односно, 450 евра.