24фудбал

Тренерот на Палермо во одбрана на Трајковски и Несторовски: Не ме интересира кој постигнува голови

Двајцата македонски репрезентативци од редовите на Палермо имаат солиден учинок до овој период во Серија Б лигата, за момент, дел од медиумите во Сицилија запрашаа дали има криза во нивната форма во однос на постигнувањето на погодоци, на што не се согласува Стелоне.

Македонија

Палермо по 13 одиграни натпревари е на лидерското место на табелата во Серија Б, со освоени 26 бода досега, односно 7 победи, 5 ремија и 1 пораз.

Нашите интернационалци од составот на Сицилијанците, Александар Трајковски имаат солидни перформанси во новата сезона, Трајковски на 12 меча постигна 3 погодоци, а Несторовски пак, на 13 настапи, успеа на 5 пати да ја затресе противничката мрежа.

Роберто Стелоне, шефот на стручниот штаб на Палермо, во пресрет на утрешното гостување кај Падова, говореше за тоа дали постои загриженост за недоволната реализација кај Македонците, како што велат медиумите во Италија, а тој имаше одговор на тоа прашање.

Несторовски и Трајковски немаат доволна реализација во нападите? Јас сум среќен со овие перформанси кои ги има мојот тим, ние во моментов сме подобри од нашите конкуренти во лигата, сосема е нормално да постојат и такви периоди кај фудбалерите“ рече Стелоне.

Во фудбалот многу пати се случувало еден напаѓач да постигне 30 погодоци во една сезона, а шампионатот да не биде освоен од екипата во која тој настапува. Споредбено со првите натпревари, јас сега во нив гледам фудбалери кои придонесуваат максимум на теренот, трчаат многу повеќе, јас се интересирам за доброто на целата екипа како колектив, а не на индивидуалци, не ме интересира кој постигнува погодоци, тие не треба воопшто да се грижат за малкуте постигнати погодоци“ заклучи тренерот на Палермо.